Slide background
Slide background Што можеме да направиме да ја заштитиме озонската обвивка ?
Slide background

Земјата без озон е како куќа без покрив !

Slide background

Да ја заштитиме планетата

од глобалното затоплување

Slide background

Грижи се за планетата земјата

мисли на нашите поколенија

supportsmall-icon

 ОНЛАЈН ПОДДРШКА

Со цел исправно да ги насочиме Вашите барања за поддршка и подобро да Ве опслужиме, Канцеларијата за заштита на озонската обвивка отвори систем со тикет поддршка преку својата  онлајн платформа.

project

СПРОВЕДУВАЊЕ ПРОЕКТИ

Во годините на своето постоење, канцеларијата за заштита на озонска обвивка  успешно спроведува проекти кои имаат за цел намалување на емисијата на штетни гасови кои негативно влијаат на озонската обвивка.  Дел од проектите ……..

training-iconОБУКИ

Нашата канцеларија, спроведува обуки за сервисери на опрема – физички лица, фирми сервисери на опрема, обуки за фирми сопственици на опрема како и обуки за инспектори на опрема….

________________________________ Вести ________________________________

Обука за контрола на супстанции, смеси и опрема контролирани од Монтреалскиот протокол за супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка

RabotilnicaWeb_21022020Гевгелија (24.01.2020), Скопје (19.02.2020) и Битола (21.02.2020)

Обука за контрола на супстанции, смеси и опрема контролирани од …..

 Во рамките на имплементацијата на Националниот план за елиминација на HCFCs спроведени се активности за зајакнување на капацитетите на Царинската управа на Република Северна Македонија. Во оваа смисла обезбедени се идентификатори на супстанциите класифицирани во петте анекси на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка. Со овие идентификатори се очекува да се спроведе редовна контрола на супстанциите кои се увезуваат или извезуваат од Македонија, а се контролирани од Протоколот заради навремено спречување на илегална трговија…..

Работилница за инспектирање на опремата што содржи средства за ладење - Скопје 19.12.2019

Скопје 19.Декември 2019

Работилница за инспектирање на опремата што содржи средства за ладење

Со цел да се помогне на инспекторатот во процесот на инспектирање на пазарот на разладни средства и останати супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, Националната канцеларија за заштита на озонската обвивка организираше работилница која се одржа на 19.12.2019. На ова работилница свој придонес дадоа ѓ-ѓа Снежана Иличич, интернационален експерт и ѓ-ѓа Диана Рачки, претставник од хрватскиот државен инспекторат, кои го споделија своето искуство oд имплементација на Монтреалскиот прокол и неговите амандмани во Република Хрватска. Покрај нив, на работилницата присуствуваа 26 партиципанти

Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење - Охрид

Rabotilnica_21102019_Ohrid

Охрид, 21 Октомври , 2019

Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење – Охрид

Како дел од активностите за имплементацијата на член 22-б од Законот за животна средина, Правилникот за начинот на собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (“Службен весник на Република Македонија” број 85/2013), како и Планот за елиминација на HCFC,  Министерството за животна средина и просторно планирање/Канцеларија за заштита на озонската обвивка организираше Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење. Настанот беше одржан на 21.10.2019 во Охрид, со цел интензивирање на активностите за евиденција ……….

Работилница за евидентирање и инспектирање на опремата што содржи средства за ладење - ван Хоол

Скопје, 10 Септември ,2019

Работилница за евидентирање и инспектирање на опремата што содржи средства за ладење

На 10.09.2019 беше одржана Работилница за добри пракси при евидентирање и инспектирање на опрема што содржи средства за ладење, во организација на Канцеларијата за заштита на озонската обвивка при Министерството за животна средина и просторно планирање. На оваа работилница, под мотото “32 години заштита и обвновување„ се обележа Светскиот ден на заштита на озонската обвивка. Домаќини на настанот беа одговорните од фабриката „Ван Хоол„, додека меѓу присутните беа претставници од компаниите – сопственици на опрема која содржи разладни средства, сервисери на опрема за ладење, како и инспектори за животна средина.

Работилницата имаше теоретски како и практичен дел.

Теоретскиот дел вклучуваше презентации за:

Озонската обвивка и Монтреалскиот протокол, околу заштитната улога на озонската обвивка, нејзиното создавање односно ….

Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење

Велес, 07 Јуни, 2019

Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење

Во рамките на имплементацијата на член 22-б од Законот за животна средина, Правилникот за начинот на собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (“Службен весник на Република Македонија” број 85/2013), како и Планот за елиминација на HCFC,  Министерството за животна средина и просторно планирање/Канцеларија за заштита на озонската обвивка организираше Работилница за контрола на процесот за евиденција и обележување на опремата што содржи средства за ладење. Настанот беше одржан на 07.06.2019 во Велес, со цел интензивирање …

Обука за инспектори за животна средина - Битола

Обука за инспектори за животна средина Битола

Битола, 10 ноември, 2017

Обука за инспектори за животна средина во Битола

Како дел од активностите за подигање на јавната свест и одбележување на 16ти септември, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, организирана е обука на тема „Контрола на процесите за евиденција и обележување на опремата која содржи средства за ладење“. Обуката беше посветена на инспекторите за животна средина од битолскиот регион и се состоеше од два дела: теоретски и практичен дел.

Обука за инспектори за животна средина - Велес

Обука за инспектори за животна средина Велес

Велес, 30 октомври, 2017

Обука за инспектори за животна средина во Велес

Како дел од активностите за подигање на јавната свест и одбележување на 16ти септември, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, организирана е обука на тема „Контрола на процесите за евиденција и обележување на опремата која содржи средства за ладење“. Обуката беше посветена на инспекторите за животна средина од велешкиот регион и се состоеше од два дела: теоретски и практичен дел.

Обука за инспектори за животна средина - Скопје

Обука за инспектори за животна средина

Скопје, 18 септември, 2017

Обука за инспектори за животна средина

Како дел од активностите за подигање на јавната свест и одбележување на 16ти септември, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, организирана е обука на тема „Контрола на процесите за евиденција и обележување на опремата која содржи средства за ладење“. Обуката беше посветена на инспекторите за животна средина од скопскиот и полошкиот регион и се состоеше од два дела: теоретски и практичен дел.

Годишен состанок на регионалната мрежа за заштита на озонската обвивказа Европа и Централна Азија

Охрид, Македонија
10-12 мај, 2017, (ECA состанок)
11-13 мај, 2017 (IIR конференција за ладилна техника)

Основање на институционална и законска рамка за подготовка на намалување на HFC врз основ на Кигали Амандманот регионалната мрежа за заштита на озонската обвивка за Европа и земјите од централна Азија (ECAмрежа), Програмата за заштита на животната средина при Обединетите нации –  OzonAction програмата и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија во соработка со UNDP Македонија, организираат годишен состанок на ECA мрежата во Охрид, Македонија од 10-12 мај, 2017 година…….

повеќе >>

Тематски состанок за План за Елиминација на HCFC (HPMP)

БЕЛГРАД – Србија,
29 Ноември – 01 Декември 2016 година.
Регионалната мрежа на Озон за Европа и
Централна Азија (ECA мрежата) на
Акционата програма Озон UNEP DTIE
во соработка со Министерството за …

Работилница за сервисери и инспектори на опрема - Битола 26.09.2016

rabbit092016bannerНа 26.09.2016 во Битола беше одржана работилница на која учество земаа серивсерите на опрема , како и инспекторите за животна средина и сопствениците на опрема. Работилницата беше поделена во два дела…..

Меѓународен ден на озонската обвивка - 16.09.2016

ozonday2016

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 16 Септември
како Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка…..

Работилница за сервисери и инспектори на опрема - Струмица 09.09.2016

rabstr09092016banner

На 09.09.2016 во Струмица беше одржана работилница на која учество земаа серивсерите на опрема , како и инспекторите за животна средина и сопствениците на опрема. Работилницата беше поделена во два дела…….

Работилница за сервисери и инспектори на опрема – Скопје 05-06.05.2016

rabsk05052016banner

На 05.05.2016. и 06.05.2016 одржани се тематски работилници во Скопје. На работилницата на 05.05.2016 присутни беа сервисерите на опрема што содржи средства за ладење, додека пак на работилницата на 06.05.2016 присутни беа инспекторите за живтона средина и сопствениците на опрема која содрѓи средства за ладење

__________ Престојни Настани __________

 

Меѓународен фотоконкурс

Драги пријатели на фотографирањето,

Би сакале да Ве поканиме да земете учество во Меѓународниот фотоконкурс и да испратите фотографии поврзани со:

  1. “Климатски промени во моите очи”
  2. “Озонската обвивка и јас”

Апликацијата треба да биде поднесена најкасно до 15ти август, 2017, 18:00 часот (Ташкент, GMT+5) на info@envcontest.uz. За детални информации, Ве молиме посетете ја веб-страната на Меѓународниот фотоконкурс: http://www.envcontest.uz .       Превземи апликација

повеќе информации >>

INTERNATIONAL PHOTO CONTEST
DEDICATED TO CLIMATE CHANGE AND PROTECTION OF OZONE LAYER

The International Photo Contest is organized to raise public awareness on climate change and ozone layer protection issues, and to promote careful attitude towards the environment around the world.

The International Photo Contest is open for all professional and amateur photographers around the world. Participation of women and youth is encouraged.  Download Application Form

more info >>